Дома Фудбал Англија Мурињо утрово не се појави на тренингот

Мурињо утрово не се појави на тренингот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска стигнаа во тренинг центарот, но менаџерот Жозе Мурињо не се појави.

Сите играчи се појавија на тренингот утрово, камерите ги забележаа нив, но од Мурињо немаше ни трага, ни глас.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Автомобилот со кој Португалецот доаѓа на тренинг пристигна во тренинг центарот, но во него беше само возачот.

Дали само успешно се сокри од новинарите или е на повидок негов отказ од Јунајтед, веројатно ќе знаеме во наредните часови или денови.

Ова само дополнително ги подгреа шпекулациите дека Мурињо ќе биде отпуштен. Тимот го има најлошиот старт на првенството во последните 25 години и се повеќе се зборува дека Специјалниот ќе замине од клупата на Јунајтед.

Како негова замена се споменува Зинедин Зидан кој наводно чека повик од водечките луѓе на великанот од Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Осумгодишно дете руши рекорди – потпиша договор со „Најк“!

Само осум години и веќе има потпишан договор со „Најк“ – звучи неверојатно, но е вистина. …