Дома Фудбал Останато Роналдо ги одби Португалците, останува во Торино да се спрема за омиленото натпреварување

Роналдо ги одби Португалците, останува во Торино да се спрема за омиленото натпреварување

Познато е колку Роналдо сака да постигнува голови, а во првите два натпревари за Јувентус токму тоа недостасуваа, Португалецот игра добро, но погодок се уште нема.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поради „постот“ од 180 минути, Роналдо се одлучи да ги превземе работите во свои раце.

Еден ден после натпреварот против Лацио, посака „добро утро“ од теретаната, медиумите во Италија пишуваат дека е опседнат со цел да ја пронајде вистинската форма. Дека тоа е така докажува и неговиот последен потег.

Имено, тој го одбил повикот од селекторот и има намера да остане во Торино во текот на репрезентативната пауза и да ги засили индивидуалните тренинзи со цел максимално спремен да го дочека неговото омилено натпреварување – Лигата на шампионите.

Поради тоа Португалците ќе останат без својата прва ѕвезда за наредните два натпревари, пријателскиот натпревар против Хрватска, но и оној од Лигата на нации, на 10 септември во Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда заработува 15 милиони евра, но ќе ја намали платата за да се врати во Германија!?

Џејдон Санчо би можел летово да се врати во Борусија Дортмунд. Раководството на клубот нав…