Манчестер Јунајтед официјално ја претстави третата гарнитура на дресови за сезоната 2018/19.
Првите два дреса беа презентирани пред почетокот на сезоната, а денес официјално фановите го видоа и третиот дрес, кој е во бледо розова боја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот дрес е во традиционалната црвена боја, додека втората гарнитура оваа сезона е во сина боја, кој што е реприка од дресот со кој „црвените ѓаволи“ ја освоија првата титула во ЛШ.
Новиот розов дрес официјално фановите ќе можат да го купат од средината на септември.
Introducing our 18/19 @adidasfootball away shirt. On sale 13.09.18 from adidas and club stores. pic.twitter.com/ZFJ03Eiuvp
— Manchester United (@ManUtd) August 28, 2018