Дома Фудбал Германија Нико Ковач избран за тренер на годината во Германија, Хрватот мораше да одговори и на едно тешко прашање

Нико Ковач избран за тренер на годината во Германија, Хрватот мораше да одговори и на едно тешко прашање

Нико Ковач е избран за тренер на годината во изборот на најчитаниот европски весник „Билд“.

Тренерот на Баерн ја прими на гала вечерта во традиционалниот 16-ти избор на „Билд“. Ковач минатата сезона со Ајнтрахт се избори за одличното осмо место, но го освои и германскиот куп.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во финалето го победи токму Баерн Минхен каде што премина по завршувањето на сезоната.

„Тука стојам како претставник на Ајнтрахт. Оваа награда не ја освоив сам туку сите заедно“, изјави Ковач кој потоа доби навистина тешко прашање.
Новинарите го запршаа дали би ја менувал титулата во купот за светска титула на Хрватска.

„Навистина тешко прашање, но да, би ја менувал“,одговори Ковач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ова не се гледа секој ден: Лионел Меси се посрамоти за сите времиња (Видео)

Лионел Меси се најде во центарот на вниманието по неуспешниот обид за паненка на натпревар…