Дома Фудбал Италија И Кристиано Жуниор стана дел од Јувентус, Роналдо тврди: Ќе биде како мене (фото)

И Кристиано Жуниор стана дел од Јувентус, Роналдо тврди: Ќе биде како мене (фото)

Кристиано Роналдо ова лето стана дел од тимот на Јувентус, а по стапките на својот славен татко тргна и синот на Португалецот.

Осумгодишниот Кристиано Жуниор започна да тренира и игра за генерацијата 2010 година на италијанскиот шампион.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Синот на Роналдо на тренинзите бил забележан во друштво на неговата мајка Георгина Родригез.

Освен Роналдо дел од академијата на Јувентус се синовите на Андреа Брзаљи и Клаудио Маркизио кој многу веројатно ќе го напушти клубот заедно со неговиот татко.
Роналдо за својот син има само пофални зборови и е убеден дека може да го наследи.

„Ќе биде како мене, во тоа сум 100% сигурен. Ист е како и јас кога бев дете – не сака да губи“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона вчера ја гледале најмалку гледачи во последните 103 години!

Фудбалерите на Барселона триумфираа на својот домашен терен “Јохан Кројф” во р…