Дома Фудбал Куртоа вечерва дебитира, но има еден „мал“ проблем

Куртоа вечерва дебитира, но има еден „мал“ проблем

Белгискиот репрезентативец голман Тибо Куртоа вечерва конечно ќе дебитира во дресот на Реал Мадрид.

Куртоа ова лето од Челзи се пресели во Реал и после 16 дена престој во Мадрид дојде време конечно да застане меѓу стативите. Тренерот Лопетеги одлучи денес да му даде шанса на Куртоа во мечот против Жирона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, „АС“ ги предупредува навивачите на Реал Мадрид да имаат трпение со Куртоа, со оглед на фактот што во претходните шест сезони секогаш на првиот меч примаше најмалку по еден гол.

И покрај тоа, Лопетеги му верува на Куртоа и смета дека вечерва ќе покаже зошто е доведен во Реал, а навивачите се надеваат дека Белгиецот ќе ја наруши лошата традиција и нема да прими гол против Жирона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…