Дома Фудбал Англија Емери демантира: Нема конфликт со Озил!

Емери демантира: Нема конфликт со Озил!

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, ги демантираше гласините дека Месут Озил не настапил на натпреварот против Вест Хем поради наводна кавга меѓу нив за време на тренинг.

Емери истакна дека Озил не дошол на натпреварот поради болест, а не поради конфликт меѓу нив двајцата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Озил е болен и не постои никаков друг проблем. Можете да разговарате со нашиот лекар и тој се ќе ви објасни“, истакна Емери.

Претходно во медиумите се појавија гласини дека двајцата се скарале на тренингот во петокот, а дека Озил одбил да настапи на натпреварот откако дознал дека нема да биде во почетниот тим.

Арсенал после почетните два порази од Манчестер Сити и Челзи, вчера конечно ја забележа првата победа во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…