Преодниот рок во Италија е завршен, но клубовите и понатаму можат да продаваат играчи.
Рома донесе многу засилувања ова лето, но клубот го напуштија Наинголан и Алисон, па „волчицата“ инкасираше повеќе од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Рома би можела да продаде уште еден важен фудбалер до крајот на преодниот рок.
Имено, Севиља, Валенсија и Виљареал се силно заинтресирани за Диего Пероти. Овие клубови имаат уште седум дена да се обидат да го финализираат трансферот бидејќи трансфер пазарот во Шпанија се затвора на 31-ви август.
Иако Пероти сака да остане, прашање е колава минутажа ќе добива оваа сезона, бидејќи „волчицата“ на таа позиција го донесе Клајверт, кој брзо се вклопи во тимот.
Поради тоа италијанскиот клуб е спремен да го продаде Пероти доколку пристигне примамлива понуда од споменатите клубови.