Дома Трансфер зона Кариус си најде нов клуб – го напушта Ливерпул

Кариус си најде нов клуб – го напушта Ливерпул

Лорис Кариус зад себе има тешка сезона во дресот на Ливерпул која ја одбележаа катастрофалните грешки во Лигата на шампиони.

Неговите лоши партии го натераа Јирген Клоп да го донесе Алисон од Рома, а со тоа стана јасно дека Кариус ќе побара нов клуб, со оглед на фактот што „црвените“ во ростерот го имаат и Симон Мињоле.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми Кариус е на чекор од трансфер во редовите на турскиот гигант Бешикташ, каде ќе ја помине сезоната како позајмен голман од Ливерпул.

Ливерпул овие денови се „ослободи“ од неколку свои фудбалери, па Марко Грујиќ го испрати на позајмица во Херта, а Шеј Ојо во Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…