Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах се номинирани од страна на УЕФА за наградата играч на сезоната 2017/18.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Добитникот на ова вредно признание ќе биде познат за време на церемонијата која на 30-ти август годинава ќе се одржи во Монако.
Неодамна листата на потенцијални кандидати беше скратена на 10 играчи, а денес УЕФА ги објави тројцата финалисти.
Модриќ и Салах ќе го напаѓаат тронот на Роналдо кој минатата година ја доби престижната наградата за најдобар фудбалер.
Роналдо беше моторот на Реал Мадрид во освојувањето на третата титула по ред во ЛШ, но Модриќ стигна до финалето на СП, додека Салах беше најдобар играч во Премиер лигата и го однесе Ливерпул до финалето во ЛШ.
