Дома Фудбал ВАР го направи своето деби во Шпанија

ВАР го направи своето деби во Шпанија

ВАР технологијата го имаше своето деби во шпанскиот фудбал и веднаш донесе важни одлуки на мечот помеѓу Севиља и Рајо Ваљекано во Примера.

Андре Силва погоди во 79-та минута и најпрво голот му беше поништен поради наводна офсајд ситуација. Меѓутоа, после консултацијата со видео асистентот неговиот гол беше признат.

Пет минути подоцна Ваљекано доби шанса да бие пенал, кој првично не беше досуден од страна на арбитарот, но после прегледувањето на снимките покажа на белата точка.

ВАР системот од оваа сезона за прв пат се користи во првата шпанска фудбалска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ со необичен подарок за Кејн: Топка што ја раскажува фудбалската историја

Пред дуелот на „Вембли“, Лука Модриќ му ја честиташе „Златната топка“ на Хари Кејн со репл…