Дома Останати Ѓоковиќ испиша историја: Стана прв тенисер со „Златан Мастерс“

Ѓоковиќ испиша историја: Стана прв тенисер со „Златан Мастерс“

Со победата во Синсинати, Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој успеал да ги освои сите девет мастерс турнири од серијата 1.000, односно го освои „Златниот Мастерс“.

Синсинати беше еднинствениот мастерс 1000 тунир кој му недостасуваше, а во финалето го победи Федерер со 6:4, 6:4.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ова навистина е посебен момент, првпат тука стојам со победничкиот трофеј. Губев многу финалиња тука и тоа од овој господин Роџер Федерер. Фала ти Роџер што ме „пушти“ да победам. Ова беше одличен меч, ти си голем шампион и беше задоволство да го делам теренот со тебе“, изјави Ѓоковиќ по победата.

„Се заблагодарувам на моето семејство дома. Ја чувствувам нивната поддршка, целиот овој период беше како ролеркостер. Тежок период е зад мене, операции, можеби беше и малку нереално да се вратам вака брзо на ова ниво, да го освојам Вимблдон и овој турнир кој ми недостасуваше“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…