Дома Фудбал Повторно се одложува дебито на Куртоа!

Повторно се одложува дебито на Куртоа!

Реал Мадрид вечерва ја започнува новата сезона во Примера со натпреварот против Гетафе.

Едно од најголемите прашања е кој ќе го брани голот на „кралевите“ во првиот меч од сезоната. Според „Марка“ на голот повторно ќе биде Кејлор Навас, кој бранеше на мечот од Суперкупот на Европа против Атлетико Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на „кралевите“ Јулен Лопетеги не брза да го стави како стартер новиот голман Тибо Куртоа. Белгиецот се придружи на групата пред 10 дена и одработи само неколку тренинзи.

За разлика од него Навас ги започна подготовките со тимот од првиот ден, односно 30-ти јули и играше на сите пријателски натпревари во предсезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Воинот“ на Реал забележа дека му истекува времето во Мадрид, познато е и каде сака да ја продолжи кариерата

Даниел Карвахал сѐ повеќе е свесен дека неговото време во кралскиот клуб полека се приближ…