Дома Фудбал Италија Еуфорија кај „нероаѕурите“: Икарди потпиша нов договор

Еуфорија кај „нероаѕурите“: Икарди потпиша нов договор

Капитенот на Интер, Мауро Икарди веќе ставил потпис на нов договор со миланскиот клуб, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според весникот во новиот договор откупната клаузула на Икарди ќе изнесува 160 милиони евра, наместо сегашната која изнесуваше 110 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раководството на Интер неодамна најави дека се почнати преговори за нов договор на Аргентинецот, кој побара подобри финансиски услови.

Со новиот договор Икарди ќе добие значително покачување на платата и наместо досегашните 5 милиони, ќе добива 8 милиони евра по сезона до 2023 година.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека во секој момент се очекува официјална потврда за новиот договор на Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ангеловски удри по ФФМ: При избор на селектор треба да се има сериозен пристап

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, јавно и ос…