Младиот Холанѓанец одлучи да премине во редовите на Ливерпул.
Познато е каков преоден рок одработи Ливерпул, навивачите се пресреќни, се очекува многу оваа сезона. Вистина е дека потрошија доста пари, некои ќе речат премногу, но потрошија на вистински засилувања, токму за оние места кои беа најкритични.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што е помалку познато е тоа дека Ливерпул донесе млад играч од Ајакс, кој изминатата година играше брилијантно за младинскиот тим на холандскиот великан, и на тој начин заинтересира многу великани, станува збор за Ки-Јан Хоевер.
Јунајтед и Челзи сакаа овој 16-годишен фудбалер, а се споменуваше и Манчестер Сити. Тогаш Клоп усокна и лично разговараше со младиот холандски играч, како што пренесува Ливерпул Ехо, тој и неговата филозофија се причината зошто Ки-Јан Хоевер се одлучил за Ливерпул покрај Лондон и Манчестер.
Хоевер игра на позицијата десен бек, а дефинитивно не е без причина интересот на толку голем број на клубови. Навивачите се пресреќни бидејќи нивниот клуб успеа да зададе удар на своите најголеми ривали, и да му обезбеди на фантастичниот играч кој би можел да биде потенцијален стартер во иднина.