После разочарувачката сезона во дресот на Милан и напуштањето на Хрватска на Мундијалот, Никола Калиниќ се подготвува за нова авантура овој пат во Атлетико Мадрид.
Напаѓачот сака да покаже колку вреди после неуспехот на „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пристигнувам во клуб кој секоја година игра во Лигата на шмпионите и се бори за сите трофеи“, изјави Калиниќ на претставувањето.
Претходно неговиот потег ги разбесни навивачите на Милан бидејќи под фотографијата на Леонардо Бонучи при неговото враќање во Јувентус напиша „Голем“, а неговите зборови во прес-конференцијата се сфатени како провокација за славниот клуб од Милано.
Bonucci posta una foto su Instagram della presentazione con la maglia della Juve, Kalinic commenta: "Grande" https://t.co/HcjjbgkwoQ
— MilanNews.it (@MilanNewsit) August 10, 2018
Сето тоа го следеше легендарниот Кристијан Виери кој одлучи да му врати.
„Зборуваш така затоа што никогаш не си бил вреден дел од Милан. Форза Милан“, напиша Виери, порака на која Калиниќ не засега не одговори.
Bobo Vieri "risponde" alla stoccata di Kalinic: "Al Milan non l’hai mai presa" https://t.co/GUI3sU8meE
— Guglielmo (@Milan8331) August 13, 2018