Дома Топ вести Случај „Модриќ“: Изјавата на агентот на Хрватот го охрабри Интер, но време се помалку

Случај „Модриќ“: Изјавата на агентот на Хрватот го охрабри Интер, но време се помалку

modric

Лука Модриќ не престанува да биде главна тема во медиумите во Шпанија и Италија.

Позната е неговата желба да премине во Интер, но јасно е дека Флорентино Перез не сака да изгуби уште еден важен фудбалер после заминувањето на Кристиано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според последните информации Хрватот ќе биде во составот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар против Атлетико во Суперкупот на Европа.

Тоа им ја отежнува работата бидејќи до крајот на преодниот рок во Италија остануваат уште неколку дена, но се надеваат на желбата на 32 годишниот играч за врска.

Зборовите на агентот на Модриќ и тоа како ги охрабруваат „нероаѕурите“.

Кристиано Роналдо има големо влијание на италијанскиот фудбал, тоа се гледа и во фактот што Интер се обидува да го доведе Модриќ, но и поради тоа што тој размислува за такво нешто. Лука сака да биде ѕвезда во Серија А и мислам дека кога-тогаш ќе игра во Италија. Тоа го мислам бидејќи како и многу Хрвати и тој растеше гледајќи го италијанскиот фудбал“, изјави агентот на фудбалерот за „Тутоспорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…