Дома Фудбал Останато Монако го реши без проблеми Нант на стартот во Лига 1

Монако го реши без проблеми Нант на стартот во Лига 1

Фудбалерите на Монако со победа стартуваа во новата сезона од Лига 1. Кнежевите како гости во првото коло славеа над Нант со 1:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличен меч е виден и од обете страни. Нант во првото полувреме беше пококретен, имаше неколку добри шанси, но мрежите по првите 45 минути мируваа.

Сите погодоци во овој меч паднаа во последните 20 минути од мечот, а Монако на крајот поприлично ја наполни мрежата на домашната екипа.

Серијата голови во 69. минута ја отвори Рони Лопез со 0:1, а Нант потоа го довршија Јоветиќ во 80. и Фалкао во 83. минута, за убедливи 0:3.

Конечните 1:3 ги постави Сала во втората минута од судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…