Кристиано Роналдо ужива во својот нов предизвик, Португалецот ова лето го замени Реал Мадрид со Јувентус. Се уште не одиграл ниту еден официјален натпревар, но тврди дека атмосферата во тимот е на завидно ниво.
Португалецот уште на стартот на својата авантура новиот клуб го чуствува како свое семејство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ова е поинаков клуб, тука сите се како семејство. Луѓето се многу добри, а истото го мислам и за навивачите. Возбуден сум и сакам да донесам среќа за навивачите и тимот“, изјави Роналдо.
Роналдо додаде и дека одлуката за трансфер во Јувентус била лесна бидејќи според него станува збор за најголемиот клуб во Италија и еден од најголемите во светот.
Да потсетиме, Роналдо со Јувентус потпиша договор на четири години и ќе заработува 30 милиони евра по сезона.