Дома Фудбал Англија Поминаа три месеци, а Клоп се уште зборува стартот на Рамос над Салах

Поминаа три месеци, а Клоп се уште зборува стартот на Рамос над Салах

ramos salah

Од поразот на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите поминаа скоро три месеци, но на „Енфилд“ никако да се помират со тоа што се случуваше па се уште зборуваат за натпреварот против „кралевите“.

„Црвените“ овој викенд ја отвараат новата сезона во Премиер лигата, но една од главните теми на „Енфилд“ изгледа се уште е поразот во финалето од Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јирген Клоп повторно се одлучи да ја коментира повредата на Салах после стартот од Рамос.

„Не сакам да победувам по секоја цена. Секако дека би сакал да ја освоиме Лигата на шампионите, но не на начин како нашиот противник во финалето минатата година. Не очекувам од Рамос да признае дека тоа намерно го направи, само се надевам дека објективно ќе се погледне на таа ситуација“

„Салах мораше да оди надвор од игра поради прекршок на средината од теренот, а беше во феноменална форма. Многумина кажаа дека тоа се случува во фудбалот, но ако таква порака им испратиме на децата дека нема граници и дека само победата е важна тогаш ми е мило што ќе ја напуштам оваа планета некогаш“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…