Дома Топ вести Денес потпишува за Реал, а некогаш жестоко ги навредуваше навивачите на „кралевите“…(видео)

Денес потпишува за Реал, а некогаш жестоко ги навредуваше навивачите на „кралевите“…(видео)

kurtoa

Тибо Куртоа денес ќе потпише шестгодишен договор со Реал, тоа вчера вечер беше потврдено од страна на Челзи.

„Сините“ прифатија понуда помеѓу 35 и 40 милиони евра која го вклучуваше и Матео Ковачиќ кој пристигна во Лондон како позајмен фудбалер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгиецот од 2011 до 2014 година беше клучен човек на Атлетико со кој освои (Ла Лига, кралски куп и Лига Европа), а загуби финале во Лигата на шампионите токму од неговиот идел клуб, Реал Мадрид 2014 година.

Една година претходно Атлетико го освои шпанскиот куп и тоа на најдобар можен начин за овој клуб – со победа над градскиот рвиал.

После победата следуваше големо славје на навивачите и играчите на Атлетико а во текот на прославата микрофонот дојде до Куртоа кој започна да пее навредливи песни за навивачите на најголемиот ривал: „Скокај, скокај, мал кенгуру и е*и ги навивачите на Реал во ш**ак“.

Секако интеренетот се памети, па останува да се види како ќе биде прифатен од навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…