Дома Топ вести Погба му соопшти на Јунајтед дека сака во Барса, Раиола го притиска клубот!

Погба му соопшти на Јунајтед дека сака во Барса, Раиола го притиска клубот!

Ситуацијата околу иднината на Пол Погба во Манчестер Јунајтед повторно е една од најжешките теми пред затворањето на летниот преоден рок во Англија.

Медиумите на Островот постојано излегуваат со нови информации, но ниту една од нив не може да ги радува фановите на Манчестер Јунајтед. Според „Дејли Мејл“ Погба веќе го известил раководството на „црвените ѓаволи“ дека сака трансфер во Барселона. Клубот од „Олд Трафорд“ пак во моментов категорично тврди дека Погба не е на продажба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агентот на Погба, Мино Раиола се наоѓа во Манчестер од почетокот на неделата. Според „Сан“ неговата цел не е толку да форсира трансфер во Барселона, туку да издејствува што е можно поголема плата за својот клиент. Имено, Погба во моментов заработува 180.000 фунти неделно, но менаџерите на Французинот бараат плата од 380.000 фунти неделно.

Наводно Раиола договорил 5-годишна соработка со Барселона и 20 милиони евра по сезона за својот клиент. Сега бара од „црвените ѓаволи“ да ја израмнат понудата на Каталонците или да му дозволат на Погба да се пресели на „Камп Ноу“.

„Скај Спорт“ тврди дека Манчестер Јунајтед не попушта и наводно побарал обештетување од 200 милиони фунти за да му дозволи на Погба да замине.

Трансфер пазарот во Англија завршува утре, па останува да видиме што ќе се случи со Погба, кој во овој момент е поблиску до останување на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…