Дома Фудбал Англија Куртоа продолжува да го бојкотира Челзи

Куртоа продолжува да го бојкотира Челзи

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа не се појави на тренингот на „сините“ втор ден по ред, пренесува „Скај Спорт“.

Како и вчера, така и денес причината за отсуството на Куртоа од тренинзите е неговата желба да го напушти Челзи во овој трансфер периоден рок.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, неговиот трансфер воопшто не е лесен бидејќи трансферниот прозорец во Англија се затвара во четврток, а „сините“ се уште немаат најдено соодветна замена.

Куртоа сака трансфер во Мадрид и не се откажува од својата идеја, а Челзи е во потрага по нов голман. Фаворит за негова замена е Џек Батланд од Стоук, со оглед на фактот што Јан Облак изгледа како невозможна мисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Фудбалерите на Лацио шокирани од условите кои ги дочекаа на натпреварот во Лига Европа (Видео)

Првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на Европа се играат овој четврток, а еден на…