Дома Фудбал Останато Потрес во Швајцарија: Петковиќ исклучи Албанец од тимот – преку телефонски повик! (фото)

Потрес во Швајцарија: Петковиќ исклучи Албанец од тимот – преку телефонски повик! (фото)

Фудбалската репрезентација на Швајцарија доживеа голема промена селекторот Владимир Петковиќ исклучи еден од најискусните играчи во тимот Валон Бехрами.

Бехрами предизвика лавина реакции со фотографијата од дресот на Швајцарија која ја постави на неговиот Твитер профил со опис дека неговата интернационална кариера е завршена.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Потоа тој им открил на медиумите што се случило.

„Бев изненаден, мислев дека во прашање е стандарден телефонски повик, а после 30 секунди Петковиќ ми кажа дека повеќе нема да смета на мене. Бев разочаран, би сакал барем таквата одлука да ми беше соопштена додека ме гледа во очи“.

„Сега ќе имам повеќе време за семејството, но сигурно не ми е сеедно бидејќи вложив многу емоции во тимот“, изјави Бехрами кој призна дека гестикулациите со албанскиот орел внеле големи немири во тимот.

„Тоа нас не промени. После Русија се почуствува дека ќе дојде до вакво нешто. Но, ова е одлука на луѓе кои не знаат ништо за фудбалот и никогаш не играле“, заврши Бехрами.

Треба да се спомене и дека Бехрами беше заменик капитен на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…