Еден од најдобрите италијански дефанзивици Џорцо Киелини, полека влегува во поодминати фудбалски години и прашање уште колку долго ќе може да го издржи играњето на сите фронтови.
Фудбалерот на Јувентус има 33 години и истакна дека ќе разговара со селекторот Роберто Манчини за неговата иднина во репрезентацијата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не сум повеќе млад, неодлучен сум околу репрезентацијата. Што и ода одлучам има свои добри и лоши страни. Селекторот сигурно ќе се обиде да воведе млади играчи на мојата позиција, а јас ќе разговорам со него за мојата иднина“, изјави стоперот на „старата дама“.
Киелини до овој собра 96 натпревари во дресот со државниот грб за кој дебитираше во 2004 година.