Во викендот кој е пред нас започнува новата сезона во Премиер лигата.
Најсилните клубови влегуваат со големи и амбиции и желба да го симнат Манчестер Сити од тронот кој и оваа година сигурно дека е еден од најголемите фаворити, меѓутоа многумина сметаат дека „граѓаните“ овој пат ќе имаат многу посилна конкуренција, посебно тука се мисли на Ливерпул кој добро го одработи преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како на клупски, сигурно дека ќе биде интересно и на индивидуален план, а свои очекувања на таа тема даде познатиот англиски стратег кој сега работи како колумнист во „Дејли Мејл“, Хари Реднап.
Реднап издвои десет имиња кои според него ќе ја обележат новата сезона.
На листата на Реднап место добија: Наби Кеита (Ливерпул), Макс Мајер (Кристал Палас), Арон Рамзи (Арсенал), Жоржињо (Челзи), Ричарлисон (Евертон), Рубен Невеш (Вилверхемптон), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џек Вилшер (Вест Хем), Пол Погба (Манчестер Јунајтед) и Рајан Сесењон (Фулам).