Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан ја тресе „чизмата“, Погба по „старо“, Модриќ-Интер, Ето го напушти Јаховиќ…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан ја тресе „чизмата“, Погба по „старо“, Модриќ-Интер, Ето го напушти Јаховиќ…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

Пол Погба со своите постапки како да се обидува да издејствува трансфер во последните денови од преодниот рок, Мурињо повторно има проблеми со Французинот (ОВДЕ)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


– Официјално: Како и што вчера беше најавено, Кевин Миралас е нов фудбалер на Фиорентина, наскоро се очекуваат медицинските прегледи во Фиренца.

– Oфицијално: Каљари го доведе Хрватот Брдариќ.

– Откако Лука Модриќ се поврзуваше со трансфер во Интер, во италијанските медиуми се појави нова сензационална вест и тоа повторно на реалција Милано-Мадрид. Наводно, Милан е спремен да тргне по потписот на Матео Ковачиќ кој секако би бил многу подостапна опција од Модриќ (ОВДЕ).

Самуел Ето го напушти Коњаспор после само седум месеци. Клубот и поранашената ѕвезда на Интер, Барселона и Челзи спогодбено се разделија (ОВДЕ)

Видал веќе е фудбалер на Барселона, но се уште нема точни информации околу финансиите. Германците тврдат 30 милиони евра, додека Каталонците пишуваат за 19 милиони евра оштета плус 3 милиони преку бонуси.

– БОМБА: Милан би можел да се обиде да го доведе Милинковиќ Савиќ на позајмица за 40 милиони евра, со право на откуп идното лето за 80 милиони евра. Во понудата би можел да биде вклучен и Џакомо Боновентура, пишува „Тутоспорт“. (ОВДЕ)

– МОДРИЌ – ИНТЕР: Шпанските и италијанските медиуми шпекулираат дека Модриќ сака што побрзо да се сретне со Перез со цел да ја реши својата иднина. Состанокот се очекува да се случи во текот на наредната недела.д

– Дел од островските медиуми најавуваат дека Ливерпул би можел да испрати понуда за играчот на врска на Арсенал, Арон Рамзи.

– Менаџерот на голманот на Челзи, Тибо Куртоа испрати порака до раководството на клубот (ОВДЕ)

– Тимот на Вест Хем кој сериозно се засилуваше ова лето би можел да се обиде да влезе во трката за Бразилецот, Бернард кој е без клуб и за кого до овој момент голем интерес покажуваа Челзи и Милан. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Ливерпул, Марко Грујиќ кој минатата сезона не доби многу шанса на „Енфилд“ и покрај интересот од Кардиф ќе остане член на „црвените“ и во наредната сезона. (ОВДЕ)

– Највнова вест од „Газета дело Спорт“ во случајот со Лука Модриќ. Според информациите на овој медиум Хрватот има усмен договор ист како оној на Роналдо. Перез наводно и на двајцата им ветил дека можат да заминат ако ја освојат 13-та титула во Лигата на шампионите (ОВДЕ).

– Aнглиските и шпанските медиуми: Само прашање на време е кога Јери Мина ќе се пресели во Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– Искусниот фудбалер и своевремено член на Реал Мадрид, Рафаел Ван Дер Варт постигна договор со дански Есбјерг. Ова ќе биде седмиот клуб во кариерата на овој фудбалер (ОВДЕ)

– Конечно: Наполи успеа да пронајде десен бек,  постигна договор со Кевин Малки од Лил. Пристигнува за сума од 11.5 милиони евра! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…