Дома Фудбал Англија Се огласи менаџерот на Куртоа, има порака до Челзи…?!

Се огласи менаџерот на Куртоа, има порака до Челзи…?!

Реал се обидуваше да да ги донесе во пакет Куртоа и Азар прво, па потоа Куртоа и Вилијан, но изгледа дека можност е само да го донесе Куртоа во овој преоден рок.

Новиот тренер на Реал, истакна дека се среќни што го имаат Кејлор Навас, но дали е баш така?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се огласи агентот на белгискиот репрезентативец.

„По цел ден читам како Челзи зборува за одлуката на Куртоа, но тој јасно стави до знаење дека најдобрата опција за него е да биде блиску до своето семејство“, истакна агентот.

„Ова е голема одлука за него бидејќи тој сака да премине во Мадрид поради семејството, а Реал испрати понуда до Челзи. Не се во прашање пари, но точно е дека тие би биле поголеми во случајот Куртоа да ја промени средината“.

„Мојот играч има уште една година договор со клубот, а доколку Челзи не го пушти ова лето, тој за 12 месеци ќе замине бесплатно“, беше јасен Кристоф,

Јасно е дека 20-годишниот Белгиец сака да премине во Реал, јасно е и дека клубот од „Сантијаго Бернабеу“ сака, само уште Челзи да прифати.

Белгиецот во Челзи пристигна во 2011. година, но првите три сезони ги мина на позајмица во Атлетико каде играше фантастично и ги натера челниците на лондонскиот клуб да го вратат на „Стемфорд Бриџ“, каде го потисна од првата постава легендарниот Чех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…