Дома Трансфер зона Видал не е доволен, Барса го сака и Банега

Видал не е доволен, Барса го сака и Банега

Раководството на Барселона продолжува да бара засилувања на средината од теренот и покрај веќе договорениот трансфер на Артуро Видал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Видал денес го напушти тренинг кампот на Баерн Минхен и се упати за Барселона каде во текот на утрешниот ден треба да ги мине лекарските прегледи и официјално да стави потпис на договорот.

Но весникот „АС“ тврди дека покрај Чилеанецот, Каталонците сакаат да го донесат и Евер Банега.

30-годишниот плејмејкер на Севиља е еден од најдобрите пријатели на Меси и на Мудијалот се виде дека двајцата одлично соработуваат.

Притоа, фудбалерот бил препорачан и од новиот спортски директор Ерик Абидал, па Барса веќе почна да работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…