Јувентус очигледно не ја завршил работата што се однесува до трансфер периодот.
„Старата дама“ од Торино направи неколку големи трансфери, а најголемо е се разбира доаѓањето на Роналдо од Реал Мадрид. Наскоро од редовите на актуелниот шампион на Европа би можело да пристигне уште едно засилување. Бразилецот Марсело е нова желба на Јуве, а во преговорите се вклучил и Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо и Марсело се големи пријатели. Тој би сакал да го види во Торино и би можело на крајот и одличниот лев бек да пристигне во Торино. Меѓутоа, неговото доаѓање значи и заминување на Алекс Сандро. „L`equipe“ тврди дека за овој фудбалер ПСЖ е подготвен да одвои 50 милиони евра и дека тој е главна желба на тренерот Томас Тухел на позицијата лев бек.
Останаа уште месец дена до затворање на летниот трансфер период во повеќето европски лиги, освен Англија, каде што трансферите ќе може да се завршат до 9. август и сигурно дека не чекаат неколку големи трансфери.