Тимот на Фулам има големи планови за новата сезона.
Екипата на Фулам навистина одлично се засилува пред почетокот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До сега во клубот пристигнаа шест засилувања: Жан Мишел Сери од Ница, Митровиќ од Њукасл, Мосон од Свонси, Фабри од Бешикташ, Ле Маршан исто така од Ница и Шурле од Борусија Дортмунд.
Сепак, повратникот во Премиер лигата нема намера тука да застане. Славиша Јокановиќ сака уште еден дефанзивец за новата сезона.
Тој дефанзивец би можел да пристигне од Реал Мадрид, фудбалерот кој се наоѓа на радарот на Фулам е Тео Ернандез, пишува „Марка“.
Фулам понудил два милиони евра за позајмица, плус во целост да ја покрива платата на фудбалерот за период од една година, а сега се чека одговорот од Мадрид.