Прославениот француски фудбалери, Тиери Анри беше пред седнување на тренерското столче на Астон Вила, но на крајот целата работа пропадна.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Анри со тренерската работа започна уште во 2016 година, станувајќи помошник во селекцијата на Белгија, а сега одлучи да отвори ново поглавје со самостојна тренерска работа.
Како што споменавме беше блиску до Астон Вила, но на крајот целата зделка пропадна, а сега медиуми шпекулираат дека би можел да седне на селекторската клупа на Египет, како и дека преговорите се започнати.
Египќаните нов селектор би можеле да именуваат многу брзо, а освен Анри во потесниот кру се уште Вахид Халихоџиќ, Жорге Луис Пинти, Кике Санчез Флорес и Хавиер Агире.
Од Фудбалскиот Сојуз на Египет порачаа дека бараат стратег кој со репрезентацијата ќе работи до 2022 година, кога се игра Мундијалот во Катар.