Дома Фудбал Англија БОМБА од Островот: Зидан го менува Мурињо на „Олд Трафорд“

БОМБА од Островот: Зидан го менува Мурињо на „Олд Трафорд“

Столчето на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ е разнишано, а во случај Португалецот да добие отказ, Манчестер Јунајтед ќе го ангажира Зинедин Зидан, тврдат медиумите на Островот.

Според последните информации, Специјалниот е во остар конфликт со раководството на клубот поради трансферната политика на клубот. Тој дури и самиот си дозволи јавно да ги критикува директорите, и веќе неколку дена се зборува за предвремен раскин на соработката меѓу двете страни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сан“ денес лансираше „бомба“ и тврди дека раководството на „црвените ѓаволи“ ќе го ангажира Зинедин Зидан во случај на прекинување на соработката со Мурињо.

Легендарниот Французин моментално е слободен, откако го напушти Реал Мадрид. Клубот од „Олд Трафорд“ преку посредници остварил контакт со Зидан, но преговорите се се уште во рана фаза и се зависи од Мурињо и неговата работа во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…