Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис излезе со демант и тврди дека неговите зборови за трансферот на Роналдо во Јувентус е погрешно пренесени.
Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден во италијанските медиуми се појави изјава според која првиот човек на Наполи тврди дека трансферот на Роналдо во Јувентус е апсурден и дека нивниот голем ривал погрешил со неговиот ангажман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Некои луѓе погрешно ги протолкуваа моите зборови за Роналдо. Никогаш не сум кажал дека Роналдо е промашување, дури и нагласив дека тој трансфер е одлична зделка на претседателот на Јуве, Андреа Ањели. Како фудбалер, неговите достигнувања не смеат да бидат доведени во прашање. За него би требало да се сними филм. Тој и Ибрахимовиќ би биле одличен тандем за некој филм“.
„Единствено се запрашав дали Роналдо на Јувентус на спортски план ќе му се исплати како на маркетиншки. Тој влегува во поодминати години. Изгледаше и дека Златан Ибрахимовиќ може да игра до 40 години, но потоа се повреди и денес игра во МЛС лигата во САД“, изјави Де Лаурентис.