Новиот премиерлигаш Фулам официјално го потврди кам-бекот на Александар Митровиќ за 23 милиони фунти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фулам потврди дека го купил српскиот репрезентативец од Њукасл и дека Митровиќ ставил потпис на договор до 2023 година.
Според англиските медиуми Фулам за потписот на Митровиќ платил 23 милиони фунти.
Српскиот напаѓач послдедните шест месеци беше на позајмица во Фулам каде импресионираше и му помогна на тимот да се пласира во Премиер лигата.
Под водство на неговиот сонародник Славиша Јокановиќ кој е менаџер на Фулам, Митровиќ лани во Чемпионшип лигата одигра 17 натпревари и постигна 12 голови.