Дома Фудбал Де Лаурентис го предупредува Јувентус: Трансферот на Роналдо ќе ви се „удри од глава“

Де Лаурентис го предупредува Јувентус: Трансферот на Роналдо ќе ви се „удри од глава“

Иако помина веќе подолго време во Италија и понаму знае да се прокоментира трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус.

Јувентус го доведе Роналдо за сума од 105 милиони евра која ќе биде платена во две рати, додека Португалецот потпиша договор на четири години вреден 120 милиони евра (30 по сезона).

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, смета дека „старата дама“ направила грешка и трансферот го смета за апсурден.

„Купувањето на Роналдо од страна Јувентус е апсурд. Премногу е опасно да потрошите толкава сума на играч кој е при крајот на својата кариера. Не смееме да заборавиме колку години има Роналдо. Големата сума која ја потрошија и еуфоријата која е предизвикана по повод овој трансфер наскоро би можела да се сврти против нив“, изјави првиот човек на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Окафор го реши Тотенхем за 97 секунди, бура поради стартот на Богл

Лидс славеше со 1-0 и ја прекина серијата без победа, но мечот го одбележа и спорната одлу…