Младиот холандски напаѓач Џастин Клајверт е среќен што ова лето премина во редовите на Рома.
Клајверт е млад играч кој допрва треба да стапи на големата сцена, но истакна дека не е под голем притисок бидејќи од него се очекува да тргне по стапките на татко му Патрик Клајверт, кој остави голема трага во европскиот фудбал.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Ја избрав Рома од причина што сакав промена. Среќен сум што дојдов во Рим. Имав добро чуство, но и семејството ме убедуваше да дојдам во Италија и заиграм за Рома.“ – изјави Клајверт и додаде:
Неговиот татко за Барселона одигра 257 натпревари и постигна 122 погодоци.
„Татко ми имаше сјајна кариера и не ми е тешко да ме поврзат со него, среќен сум што сум негов син. Ми зборува и советува, а јас го внимателно слушам. Не чуствувам дополнителен притисок бидејќи сака да бидам како него. Јас и така се обидувам да бидам.“