Дома Топ вести Мијатовиќ нема дилеми – знае поради кого Роналдо го напуштил Реал Мадрид

Мијатовиќ нема дилеми – знае поради кого Роналдо го напуштил Реал Мадрид

Заминувањето на Кристиано Роналдо и трансферот во Јивентус беше изненадување за поголемиот дел од фудбалските фанови, но Предраг Мијатовиќ и не се изненадил премногу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот фудбалер на „кралевите“ и репрезентативец на Југославија смета дека незадоволството кај Роналдо било присутно долго време и дека Португалецот не донел одлука „преку ноќ“.

Во разговор за португалската „А Бола“ Мијатовиќ откри кој според него е најголемиот виновник за заминувањето на Роналдо.

„Не верувам дека тоа е одлука која се случила „преку ноќ“. Мислам дека неговото заминување е долг „процес“. Веројатно на релација со Флорентино Перез односот бил нарушен, не знам точно што се случило, но сигурен сум дека постоеле проблеми помеѓу двете страни“, јасен беше Мијатовиќ.

Иначе, Роналдо утре го завршува својот летен одмор и започнува со припремите за новата фудбалска авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…