Дома Трансфер зона Пропадна трансферот на Наполи поради медицинските прегледи

Пропадна трансферот на Наполи поради медицинските прегледи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис призна дека трансферот на сенегалскиот дефанзиц Јусуф Сабали од Бордо пропаднал поради медицинските тестови на играчот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сабали беше очекуван на „Сан Паоло“ откако двата клуба постигнаа комплетен договор за трансферот. Играчот ги изведе медицинските прегледи во специјална болница, а веднаш потоа се појавија информации дека трансферот пропаднал.

Откако докторите му ја предочиле состојбата на клубот, претседателот на Наполи изјави:

„Не е вистина дека ќе го купиме Сабали. Дефинитивно нема да дојде кај нас“, изјави Де Лаурентис.

Сега Наполи ќе се насочи кон десниот бек на ПСВ, Сантиаго Ариас, кој беше резервна варијанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…