Раководството на Манчестер Јунајтед ќе се согласи да го продаде Антони Марсијал ова лето, но само под еден услов.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го обезбедат потписот на Иван Перишиќ од Интер, пред да му дозволат на Марсијал да замине од „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Манчестер Јунајтед се надеваат да добијат 70 милиони фунти за 22-годишниот напаѓач кој е на радарот Челзи, Тотенхем и ПСЖ.
Сепак, клубот од „Олд Трафорд“ најпрво сака да осигура негова заменик, а првата желба на Мурињо е хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.
Доколку не успеат да го убедат Интер да го пушти Перишиќ, тогаш „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон неговиот сонародник Анте Ребиќ.
Ivan Perisic targeted by Manchester United so they can offload out-of-favour Anthony Martial before transfer deadline | @DiscoMirrorhttps://t.co/vfugXx0qjV pic.twitter.com/or5W5wJ8V0
— Mirror Football (@MirrorFootball) July 27, 2018