Дома Топ вести Леонардо го враќа Милан на „корените“: „Росонерите“ спремни да платат 50 милиони евра за Бразилец!

Леонардо го враќа Милан на „корените“: „Росонерите“ спремни да платат 50 милиони евра за Бразилец!

Често пати Бразилците имале успех на „Сан Сиро“. Последната златна епоха е поврзана за Рикардо Кака, играчот кој ја освои последната Златна топка пред Меси и Роналдо.

Новиот спортски директор на Милан, Леонардо би можел да го врати клубот од северот на Италија на своите корени. Поточно, ќе се обиде да направи „росонерите“ повторно да имаат „златни“ Бразилци.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Изгледа дека Леонардо веќе се фатил за работа и го насочил вниманието кон добро познатиот пазар.

Поранешниот претседател на Фламенго, Клебер Леите, кој сега работи како новинар откри дека Милан има намера да ја плати откупната клазула за бразилскиот вундеркид Лукас Пакета која изнесува 50 милиони евра.

„Да, Милан го следи Пакета и сака да ја плати неговата откупна клазула. Меѓутоа, тие мораат прво да продадат некои играчи како што е Сусо. Дури тогаш можат да размислуваат за Пакето. Приказната има темели и трансферот би можел да се реализира веќе ова лето“, порача Леите.

Пакетa е ставен во редот на најталентирани бразилски играч. Има 20 години и целата своја досегашна кариера ја помина во Фламенго, клуб за кој одигра 30 натпревари во сениорска конкуренција.

Медиумите во Бразил имаат толку големи очекувања, па сметаат дека наскоро ќе го видат и во сениорската репрезентација на „Кариоките“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…