Дома Фудбал Јувентус ја купи младата надеж на Барселона

Јувентус ја купи младата надеж на Барселона

Торински Јувентус трансфер пазарот го продолжи во Барселона.

Синоќа челниците на Бјанконерите го завршија трансферот на 16-годишниот напаѓач Пабло Морено кој во Торино пристигнува од Барселона.

За услугите на овој талентиран фудбалер Старата дама издвои три милиони евра, а младиот Шпанец ќе се приклучи на младинската селекција на тимот од Торино.

Се работи за доста талентирано момче кој фудбалската кариера ја започна во Ла Масија, а член е и на младинската селекција на Шпанија.

Неодамна наполни 16 години и ова му е прв голем трансфер во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…