Дома Трансфер зона Од Турција и Островот едногласни: Ливерпул постигна договор со Домагој Вида

Од Турција и Островот едногласни: Ливерпул постигна договор со Домагој Вида

Изгледа дека Ливепрул успеал да постигне договор со стоперот на Хрватска Домагој Вида.

Како што пренесуваат турските и островските медиуми, Вида ја прифатил понудата од Ливерпул, но се уште нема договор помеѓу Бешикташ и „црвените“.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Оваа година во Англија, преодниот рок завршува на 9 август, пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, па на клубовите им се брза со доведувањето засилувања. Освен со времето, Ливерпул се бори уште со Вест Хем и Арсенал кои исто така сакаат да го доведат Вида во своите редови.

Минатата недела медиумите пишуваа дека Бешикташ ја одбил првата понуда на Ливерпул барајќи сума која е поголема од 20 милиони евра.

Турскиот „А Спорт“ повикувајќи се на „Сан“ пишува дека Ливерпул постигнал договор со Вида за соработката на две години, со опција истиот да биде продолжен на уште една.

Преостанува уште клубовите да се договорат за оштетата, Турцијата наводно сакаат најмалку 24 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…