Еден од најпреспективните млади играчи во светот се договори со германскиот гигант Баерн Минхен.
Баварскиот гигант на крајот го доби она што го сакаше. Ванкувер отежнуваше, но двете страни на крајот се договорија за сума од 11.5 милиони евра, која со дополнителните бонуси би можела да порасне и до 25 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На тој начин Баерн Минхен доби дозвола да ги договори деталите со Алфонсо Дејвис (17), а вечерва на официјалниот сајт на клубот е потврдено дека репрезентативецот на Канада дресот на Баерн ќе го носи од 1 јануари 2019 година.
Момчето има потекло од Либија, но е родено во Гана, а минатата година доби канадски пасош по што започна да настапува за репрезентацијата на оваа земја.
„Многу сум среќен поради трансферот во Баерн. Како дете сонував за овој момент. Сега тој сон стана реалност, но ќе продолжам со работа. Морам да дадам се од себе за да ја искористам приликата која ја добив“, изјави Дејвис.
Баерн на официјалниот сајт соопшти дека договор е потпишан до јуни 2023 година, а на сила истиот ќе стапи кога Алфонсо полни 18 години, на почетокот на ноември.
Алфонсо игра на позицијата лево крило.
Herzlich willkommen beim #FCBayern, @AlphonsoDavies! ?#MiaSanMia
➡ https://t.co/4sVTwMZL5d pic.twitter.com/L67NacXSei— FC Bayern München (@FCBayern) July 25, 2018