Вечерва во рамките од квалификациите за Лигата на Европа својот натпревар го играше тимот на Шкендија.
Противник на клубот од Тетово му беше тимот на Шериф Тираспол. Пред натпреварот Шкендија ја доби улогата на благ фаворит, што на крајот и ја оправда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкендија до предност стигна во 24 минута со голот од слободен удар на Бесарт Ибраими. Иако Шкендија замина со предност на полувремето сепак може да жали што не стигна до поубедливо во водство.
Во тој период од играта „тетовци“ имаа две 100% шанси преку Жуниор, а еднаш го погодија и дирекот на гостите.
Во вториот дел следуваше нешто посмирена игра, како Тираспол заигра нешто подобро, па Шкендија не доминираше како во првото полувреме.
На крајот голот на Ибраими се покажа како одлучувачки, па избраниците на Ќатип Османи ќе патуваат во Молдавија со минимална предност.