Рома денес го претстави новиот голман Олсен, но главна тема на конференцијата беше ситуацијата со Малком кој вчера беше виден како играч на Рома, за потоа целиот трансфер да пропадне и тој да избере Барселона.
Спортскиот директор Мончи на новинарите им објасни што се случувало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Она што се случи со Малком е лесно да се објасни, но тешко е да се разбере бидејќи ние постигнавме договор со агентот, менаџерот и Бордо. Кога работите се променија му се јавив на нашиот претседател и тој ми кажа да испратам понуда која е подобра од онаа на Барселона“.
„Сакавме да испратиме подобра понуда, но кога видовме дека целиот трансфер стана аукција, се откажавме. Ако некој сака да дојде во Рома, тоа е супер, но ако не сака, ниту ние не го сакаме“.
„Сакам да им кажам на навивачите дека работиме напорно за да доведеме фудбалери еднакво добри или уште поквалитетни од Малком“, порача Мончи.
#ASRoma sporting director Monchi on the controversy surrounding #Malcom
[A thread] pic.twitter.com/VX0qBVldTu
— AS Roma English (@ASRomaEN) July 24, 2018