Mладиот германски фудбалер се припрема за новата сезона, а сега даде една навистина интересна изјава.
Овој фудбалер беше изненадувачки изоставен од списокот на Германија за Мундијалот во Русија, па имаше нешто подолг одмор.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Германецот на припремите се појави со новата фризура и како што самиот кажа со полн ентузијазам влегува во новата сезона и се надева дека ќе освои колку што е можно повеќе трофеи.
Кога новинарот го запраша кого гледа како најголем конкурент за титулата, Сане одговори дека тоа е тимот на Челзи, пред се поради одличниот менаџер.
„Челзи доведе голем тренер, начинот на кој Наполи играше претходната сезона беше навистина атрактивен. Со нив имавме навистина големи проблеми и според мене тие дефинитивно ќе бидат наши најголеми конкуренти за титулата“, беше прецизен Сане.
Она што е интересно, Челзи минатата сезона заврши со дури 30 бодови зад Сити, дали Сари навистина ќе внесе толку многу промени останува да видиме во новата сезона.