Финалето на Мундијалот во кое играат Франција и Хрватска беше прекинато на неколку минути бидејќи на теренот се појавија активитсти на „Pussy Riot“
Судијата беше приморан да го прекине натпреварот откако на теренот се појавија три девојки и еден маж, а на обезбедувањето на стадионот му беше потребно неколку минути за да ги исфрлат од теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно беше дека руската полиција жестоко ќе ги казни овие членови на организацијата, а едната девојка е казнета со 15 дена затвор и три години забрана за присуство на спортски манифестации.
Без казна не поминаа ниту останатите членови на оваа организација. Тие денес добија казна од по 20 дена затвор и забрана за присуство на спортски манифестации во наредните пет години.
Покрај тоа ќе мораат да платат и голема парична казна, медиумите во Русија пишуваат дека се работи за сума од 10.000 евра по лице.