Дома Фудбал Јувентус поради Роналдо го преместува „семејниот“ ден на клубот?

Јувентус поради Роналдо го преместува „семејниот“ ден на клубот?

Се очекува вистинско лудило, а поради безбедносни причини традиционалниот „семеен“ ден во Јувентус веројатно ќе биде одржан на стадионот место на Вилијар Пероси…

Кристиано Роналдо од идниот понеделник ќе започна со тренинзите, а со себе носи машина од НАСА во вредност од два милиони долари.

Се работи за позната справа која симулира отсуство на гравитација и ја поправа физичката спремност.
Машината ќе биде инсталирана во вилата која ја изнајми Кристиано во Торино и нејзино изнајмување чини 40.000 евра од ден.

Иначе, во Јувентус ја разгледуваат можноста традиционалниот натпревар помеѓу првиот и вториот тим на Јувентус со која се отвара сезоната во Вилијар Пероси да биде преместена на стадионот поради безбедносни причини.

Тоа е традиционален ден во кој навивачите имаат можност одблизу да ги видат своите миленици, но сега се очекува вистинска лудница бидејќи токму тоа ќе биде прв натпревар за Роналдо во дресот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не попушти за Паредес: Остануваат десетте меча суспензија

Аргентинската жалба донесе олеснување само за Науел Молина, чија казна е намалена од седум…