Дома Фудбал Останато Шпанците навистина го налутиле: После вилата, Роналдо се откажува и од последната допирна точка со оваа земја!

Шпанците навистина го налутиле: После вилата, Роналдо се откажува и од последната допирна точка со оваа земја!

Кристиано Роналдо не се раздели на најдобар начин со управата на Реал Мадрид иако во тој клуб помина цели девет години.

Роналдо не само што не е задоволен од управата на Реал, туку повеќе не сака да има никаква поврзаност и со државата Шпанија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, тој неодамна ја продаде куќата во Мадрид од 5.5 милиони евра, а сега на продажбата го стави и хотелот кој го купи за 20 милиони во шпанската престолнина.

ronaldo

Новата ѕвезда на Јувентус се договори до даночните работници во оваа земја и ќе им ја плати сумата од 13.5 милиони евра како оштета и повеќе не сака да има ништо во оваа земја. Иако се очекуваше Роналдо да помине и во тренинг центарот со цел да се поздрави со своите поранешни соиграчи, сепак тоа нема да го направи, а медиумите пишуваат дека причината е Флорентино Перез.

Во секој случај, Роналдо после обврските кон спонзорите во Кина патува на последниот дел од одморот, а потоа ќе се појави во Виново каде што ќе го почека останатиот дел од тимот на Јувентус да се врати од турнеата во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mилан пронајде засилување, но доби „корпа“!

Милан испрати понуда за фудбалерот на Стразбур, Гела Дуе, кој е постар брат на познатото к…